„Заваровалница Триглав“ во својата кампања против измамите во осигурувањата ја ангажираше најпопуларната пејачка на Балканот, Северина. Со неа снимија духовито веб-видео, кое ја подигнува свеста за измамите во осигурувањето како кривично дело, кое нанесува голема штета на осигурителните компании, а со зголемување на премиите и на сите чесни осигуреници.
Со новото веб-видео „Заваровалница Триглав“ сликовито прикажува дека фантазијата на измамникот нема граници. Во видеото младо момче се обидува да го убеди проценителот на штети во осигурителната компанија дека целата штета на неговото возило ја предизвикала Северина. Целта на „Заваровалница Триглав“ е да ја зголеми свеста кај што повеќе луѓе за штетниот и криминален карактер на измамата во осигурувањето. Токму измамите во осигурувањето ја зголемуваат премијата за сите осигуреници.
Британското здружение на осигурувачи проценува дека осигурителните компании успеваат да откријат измами во висина од четири проценти од бруто-износот на штети, додека, пак, измамите што остануваат неоткриени се во висина од шест проценти од нето-остварените премии од осигурување. Доколку овие проценти ги примениме на групацијата „Триглав“, тогаш проценетиот износ на измами во осигурувањето би можел да достигне и до 77 милиони евра. Минатата есен „Заваровалница Триглав“ спроведе истражување за перцепцијата и сфаќањето за последиците од измамите во осигурувањето. Истражувањето покажа дека измамите во осигурувањето, генерално, не се препознаваат како етички проблематични. Поради тоа „Триглав“ се реши за комуникациска кампања, концентрирана на подигнување на свеста за ризиците и последиците од таквото однесување. Во кампањата на пријателски и хумористичен начин се истакнува дека спречувањето и откривањето на измамата е задача за сите нас бидејќи последиците влијаат врз сите нас.
Видеото, кое е наменето исклучително за вирална комуникација, се снимаше на различни локации, меѓу кои и во центарот за процена на штети во „Заваровалница Триглав“ во Љубљана. Во оваа пригода Северина повторно докажа дека е голема ѕвезда. Со својата убавина и страст ја маѓепса целата екипа бидејќи за миг се внесе и го оживеа ликот на дива и нескротлива жена, која убедливо ја одглуми. По снимањето на видеото таа изјави: „Сценариото за спотот ми е духовито. И самата сметам дека измамите во животот не се прифатливи бидејќи со нив на крајот се мамиме самите себе„.
– Нашето искуство кажува дека многу измамници намерно и планирано го оштетуваат својот имот бидејќи сакаат да ѝ наштетат на осигурителната компанија и на лесен начин да дојдат до заработка. Понекогаш овие приказни се навистина неверојатни и ги забавуваат и нашите проценители на штети. Со ова видео сакаме да ги поттикнеме осигурениците во целиот регион да нѝ помогнат во откривањето на измамите во осигурувањето со пријавување на вакви случаи на нашата веб-страница www.triglav.eu – изјави Урша Манчек, помошник на претседателот на управата на „Заваровалница Триглав“ во својот коментар за видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)