| четврток, 6 декември 2018 |

МВР поднесе кривична против сопругот на Шекеринска?!

bobo-dajners-sekerinska-2-1

Сопругот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, заработи кривична пријава за скандалот со кириите, објавува „Прес 24“. Според порталот, Божидар Јанковски познат како Бобо Дајнерс заработил кривична пријава од МВР за даночно затајување и за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

dogovororada

-Според пријавата на полицијата, во периодот од 1 јануари 2009 година до 31 декември 2013 година, односно во периодот од четири години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица како закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во „Дајнерс клуб интернационал мак дооел“ како закупец, склучил повеќе доовори за закуп на станбен простор – пишува „Прес 24“.

tabelaradaСпоред неофицијалните информаци, додава порталот, Јанковски за пет години успеал сам на себе за три стана во Скопје и еден во Охрид да си плати 338.000 евра кирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top