Ексклузивците на „Горила продукција“, Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, решија нивното пријателство да го искористат и во професионалниот живот. Тие ги здружија силите и го направија нивното прво заедничко дело, песната „Дел од себе“.
Сепак, ова нема да биде и прв дует за популарните пејачи. Даре и Диме изведбата на песната ѝ ја доверија на нивната колешка, Љупка Најдановска.
– Малку е да се каже дека сум задоволна од песната која Диме и Даре ја направија за мене. „Дел од себе“ навистина ја долови пораката која во моментов сакам да ѝ ја испратам на публиката. Но, најважно, чест ми е што првата нивна заедничка песна ја направија за мене – вели Љупка.
Публиката ја запозна Љупка во музичкото шоу „М2“ во 2011 година кога стигна и до големото финале, а неколку месеци владееше со музичките топ-листи со песната „Кога сонце грее, плачам“, која ја испеа во дует со Ламбе Алабакоски.
По долго време, Љупка повторно ѝ се враќа на музиката со нова песна, но и најава многу поактивно присуство на македонската сцена, како со нејзините песни, така и со клубските настапи и концерти.
За новата песна „Дел од себе“, за која покрај музиката на ексклузивците на „Горила“, Даре и Диме, се погрижи и Милан Митанов, кој го напиша текстот, додека песната се снимаше и миксаше во студиото на Роберт Билбилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)