Жена била застрелана синоќа додека седела на гости кај соседите во скопската населба Шуто Оризари, соопшти МВР.
Четири жени седеле во гостинската соба – сопственичката на куќата, нејзината ќерка, внуката и сосетката – кога непознато лице дошло до едно крило од вратата на терасата на гостинската соба и почнало да пука. Преку двојното термопан стакло, кршејќи го, испукал шест куршуми и ја повредил дваесет и петогодишната девојка.
На местото веднаш пристигнала Брза помош и девојката била пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Дежурниот лекар констатирал една влезно-излезна рана во левата рака, една влезна рана во левата града, една влезна рана во левата натколеница, една влезна рана во левата бутина и една влезна рана во пределот на градниот кош.
Жената е префрлена на интензивна нега во КАРИЛ, а полицијата сѐ уште го бара напаѓачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките