Кајл Богес решил на Денот на вљубените да ѝ се одмазди на неговата девојка поради тоа што го мамела, а снимката на разоткривањето ја споделил на „Јутјуб“.
Девојката на почетокот на снимката била однесена во соба на катот на куќата, а цело време имала превез преку очите бидејќи Кајл ја убедил дека има изненадување за неа. Кога седнала на креветот добила папка во која биле фотографии на кои се гледа нејзиното допишување со друго момче.
-Изненадување. Ова ти е затоа што ме изневеруваше. Веднаш излегувај од мојата куќа. Мило ми е што се возеше цел час за да дојдеш кај мене без ниту една е*ена причина – врескало момчето.
Снимката веднаш стана хит на социјалните мрежи. Најголем број на корисниците коментираа дека тој излегол дури и полош од неа, поради желбата јавно да ја понижи девојката и дека требало со неа да го реши проблемот, а не од тоа да прави интернет-сензација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)