| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен синот на Мадона

Семејната драма продолжува.

153029361956c1b0a04b394310211905_w640

Мадона и Гај Ричи се борат за старателството врз синот Роко, кој од неодамна живее со татко му во Лондон. Кај него се преселил бидејќи, како што кажал, Мадона е многу строга мајка.

Пејачката неодамна најмила приватен адвокат што го следел Роко и открила дека тој пуши, пие и не оди на училиште. Меѓутоа, тука не е крајот. Најновата вест што ја добила е дека Роко почнал да се дрогира, како и дека е уапсен за време на рација на еден градски парк со недозволени опијати во раката.

Мадона го обвинува поранешниот сопруг, кој, според нејзините зборови, не води доволно сметка за нивниот син.

Таа, како што изјавиле добро информирани извори, е страшно депресивна и се чувствува немоќно поради тоа што нивниот син самиот донел одлука да живее со тако му.

гај

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top