Градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко во утринската емисија на Сител „ Ја сакам Македонија“ го опиша начинот на кој бил уапсен по наредба на Специјалното јавно обвинителство.
Тој вели дека никогаш нема да го заборави начинот на кој бил уапсен од страна на македонската полиција и тоа пред очите на неговото семејство и децата.
-Се во животот можев да поверувам, ама дека некогаш ќе бидам уапсен од македонската држава и македонската полиција без никаква причина ни на сон не ми доаѓаше, вели Темелко.
Темелко вели дека не очекувал да биде уапсен затоа што не добил никаква покана ниту пак бил повикан на информативен разговор.
-Ме уапсија во станот во Ресен, не верувам дека ако жителите на една општина гласаат виновен е градоначалникот и треба да се апси. Највеќе што ме погоди и нема да го заборавиме јас и моето семејство беше начинот на кој бев уапсен. Јас сум постојано во Р.Македонија, мојата фамилија е тука, можеше да ми упатат покана, да ме викнат на разговор ако имаа некој сомнеж. Еве и сега што ни се даде мерката притвор слушав разни гласини дека ќе избегам. Нема потреба јас да избегам бидејќи мене ми е чиста совета. Значи воопшто не е добра сликата, не значи дека ако имаш двојно државјанство дека треба да бидеш притворен, рече Темелко.
Тој вели дека полицијата упаднала во неговиот дом без да покаже никаков налог, а дури потоа кажале дека се полицајци.
– Не ме оставија ни да се облечам. Цело време одеа по мене и полицаецот само повторуваше „ Ќе видиш ти“, раскажува Темелко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апсења поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Во Белгија уапсен фудбалскиот агент Драган Сиљаноски, како дел од скандалот со наместените натпревари