| четврток, 6 декември 2018 |

„Министерот“ Борко ја има најдобарата одбрана во 11.коло од ЛШ (видео)

borko ristovski

 

Лидерите во македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров и Борко Ристовски одиграа маестрални натпревари за своите тимови во рамките од 11.коло во Лигата на шампионите.
Лазаров со девет гола против Монпелје го предводи идеалниот тим на колото, а „Министерот за одбрана“ Борко Ристовски беше одличен меѓу стативите за Рајн-Некар против Вардар. Тој влезе во игра кога се кршеше резултатот и со неколку фантастични одбрани му помогна на својот тим да дојде до победата.

Една од петте негови одбрани, онаа по шутот на Мијајло Марсениќ, беше избрана за најатрактивна на колото. Тој успеа да фати чист зицер со играч помалку. Топ-5 одбрани може да ги видите на следниот ЛИНК.

 

Најубавиот гол го постигна поранешниот играч на Металург кој сега настапува за Бешикташ и се соиграч на Немања Прибак, а интересно е што Ѓукиќ го има на топ-5 листата најубави голови со два погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top