Бразилскиот ас Нејмар ја откри вистината околку вчерашниот пенал кој го изведе Барселона во натпреварот против Селта.
Тој истакна дека заедно со Меси го изведувале тоа на тренинзите и додавањето од Аргентинецот било наменето за него.
– Јас и Меси го вежбавме тој пенал на тренинзите. Асистенцијата беше за мене, но “дебелиот” излезе од некаде, беше поблиску и даде гол. Не е важно, битно е дека топката влезе во мрежата – низ смеа изјави Нејмар по натпреварот.
Пеналот на Меси и Суарез од друг агол.
Пеналот на Меси и Суарез снимен од трибините на Камп Ноу.
Posted by ФАН КЛУБ НА ФК БАРСЕЛОНА on Sunday, February 14, 2016
И на снимката од зад голот се гледа дека Бразилецот се залетува надвор од шеснаесетникот за да постигне гол, но Суарез излегува пред него. Среќа е Што главниот судија и неговиот втор помошник не ја забележале добро ситуацијата бидејќи Суарез е во недозволена позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)