Македонскиот бомбардер и ракометар на Барселона Кире Лазаров одигра фантастичен натпревар за својот тим на гостувањето кај Монпелје во рамките од 11.коло од Лигата на шампионите.
Неговиот тим победи со 31-23 и се зацврсти на првото место во групата на три кола до крајот од групната фаза.
Лазаров беше лидер на својот тим со девет гола од 12 обиди и со право е избран во идеалниот состав овој викенд.
Идеален состав по 11.коло во Лигата на шампионите:
лево крило – Андерс Егерт (Фленсбург)
лев бек – Џамали (Кристијанштад)
среден бек – Анди Шмид (Рајн-Некар)
десен бек – Кирил Лазаров (Барселона)
десно крило – Блаж Јанц (Целје)
пивот – Андреас Нилсон (Веспрем)
голман – Матијас Андерсон (Фленсбург)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.