| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастичен ол стар викенд во Торонто, рекорди паѓаа како од шега (видео)

Последниот ден на НБА ол стар викендот секогаш е резервиран за натпревар меѓу најдобрите ѕвезди од источната и западната конфереција.

Овој натпревар секогаш изобилувал со квалитетни потези, асистенции, забивања со цел поголема забава за целиот аудиторуим, за тие што се присутни во салата и за оние кој се пред малите екрани.
Последното издание во „Ер Канада центарот“ во Торонто ќе биде запаметен уште долго време.
Тимот на Западната конференција славеше со неверојатни 196-173 во меч во кој паднаа еден куп рекорди. Двете екипи стигнаа до рекорден број поени кој досега изнесуваше 163, колку што Истокот постигна во 2014, а Западот минатата година.
Вкупниот број поени постигнат (369) е нов рекорд, бидејќи досегашниот изнесуваше 321, а траеше само една година. Нормално е во еден ваков ефикасен меч да се истакнат индивидуалци со своите бројки и тоа не беше исклучок ниту ноќеска.

Дуелот мина во знакот на испраќањето на Коби Брајант, кому ова му беше последно олстар – шоу. Наградата МВП му припадна на Расел Вестбрук, втора година по ред, а на трибините беа легенди како Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Бил Расел, Оскар Робертсон, а фановите го видоа и внукот на изумителот на кошарката, Џејмс Најсмит.

Рекорди беа рушени уште од самиот почеток на мечот, бидејќи беа постигнати и најмногу поени во првата четвртина, вкупно 80. победниците запишаа и рекорден број прецизни шутеви – 82, најмногу тројки во историјата – 31, најмногу обиди за тројки – 80.

Коби Брајант го заврши Олстар – мечот со 10 поени, седум асистенции и шест скока за 26 минути на паркетот.
Расел Вестбрук постигна 31 поен и го одведе својот тим до победата.
За многу малку, во книгата на рекорди не влезе кошаркарот на Индијана Пејсерс, Пол Џорџ. Тој го заврши натпреварот со 41 поени и остана за само еден поен покус од рекордерот Вилт Чембрлен, остварен во 1962 година. Во финишот, Џорџ се обиде да го постигне рекордниот кош, но не успеа да погоди. Ќе остане барем запишано дека имал рекорден број удари за тројка – 19 од кои погоди дури девет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top