| четврток, 6 декември 2018 |

Со Дарко Панчев и Оливер Митковски завршува сезоната на „Еден на еден“

Раде Шербеџија, Влатко Стефановски, Игор Џамбазов, Васко и Бубо од К15, Лино Червар, Дарко Станиќ, Мојсовски и Миркуловски, Јовица Михајловски, Трифун Костовски, Кире Лазаров, Гиш, Каролина, Калиопи, Елена Ристеска, па дури и Драган Вучиќ. Ова беа само дел од ексклузивните гости во одличната сезона од шоуто „Еден на eден“ на Жарко Димитриоски, кое доаѓа до своето финале вечерва на ТВ „Алфа“ (во 23.10 часот).

Во него, фудбалската легенда Дарко Панчев ќе зборува за неговата кариера, згодните и незгодните моменти, како и за тоа зошто потпишал за Интер и притоа ги одбил Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, нешто за што се кае до денес. Секако, секогаш интересниот Панчев нема да пропушти да се пошегува и на други теми, меѓу кои и приватниот живот.

Нему друштво ќе му прави еден од најдобрите македонски актери, Оливер Митковски, кој ќе открие дека една од најголемите љубови, а порано и професија, му бил шахот! Тимот од „Еден на еден“ ова го искористи за да намести изненаден двобој меѓу Оливер и шампионот од екипата, но ајде ќе кажеме само дека разликата во квалитет беше евидентна.

Подготовките за следната сезона почнуваат веднаш, а додека Жаре и екипата не ги завршат, повеќе од „Еден на еден“ може да видите на „Jутјуб“ – www.youtube.com/edennaeden, а целите емисии од оваа сезона гледајте ги на www.youtube.com/edennaedentv

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top