| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ја понижи Селта на „Камп Ноу“ (видео)

epa05161423 FC Barcelona's Uruguayan striker Luis Suarez (L) jubilates with Leo Messi (R) his third goal against Celta Vigo during their Primera Division soccer match played at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain on 14 February 2016. EPA/Quique Garcia

Барселона повторно е со предност на врвот од табелата во Примера дивизијата, откако убедливо славеше со 6-1 на последниот дуел од 24. коло против Селта Виго.

Каталонскиот состав, во феноменална партија, немаше милост во второто полувреме кога комплетно го демолираше противникот по израмнетото прво прво полувреме.
Барселона дојде до предност во 28. минута со евро голот на Меси од слободен удар, но гостите израмнија во 39. минута.
Во вториот дел, Суарез со два гола, во 59. и во 75. минута, донесе предност од 3-1, за да вистински спектакл за своите навивачи Меси и Суарез приредат во 82. минута, кога Меси од пенал му асистираше на Суарез како би дошол до хет-трик.
Во финишот, во 84. минута, Ракитиќ погоди за 5-1, а конечни 6-1 ги постави Нејмар во првата минута од судиското продолжение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top