Во месецот на љубовта, со порака за предавање на љубовните чувства и страста, модното студио Драма ја претстави колекцијата, Violent Delights. Дизајнерката и креаторка, Ивана Кнез, позната по својата уникатност и автентичност во претставувањето на специфичниот сензибилитет на жената и женската самосвесност, беше претставена за нов Дурекс амбасадор а колекцијата Violent Delights како почеток на ширење на идејата за отворена и безбедна љубов.
Новата колекција од Драма студио во себе содржи ексклузивни модели, како и модели на долна облека во комбинација со екстравагантен накит.
Создадена врз идеја и порака за страста и љубовта, Violent Delights создава маркантна појава што остава впечаток. Инспирирана од месецот на љубовта, сензуалноста и емотивноста се претставени и преку боите, црна, бела и црвена доминантни во оваа колекција како и во изборот на материјалите, свила, свилен сатен, француска чипка и тафт.
-„Violent Delights“ е предигра која освојува сетила. Луксуз на материјали и форми во разбранувани силуети што го освојуваат спротивниот пол и означуваат славење на страста и љубовта, вели Ивана Кнез.
Ревијата ја затвори пејачката Наталија Славева а гостите ги забавуваше диџеј Бороу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.