Каде еден принц ја носи својата сопруга на романтичен состанок? Прво напамет веројатно ви паѓа лет со приватен авион во Париз, патување на некој егзотичен остров или дегустирање на ексклузивни специјалитети во ресторан резрвиран само за елитата.
Во реалниот живот симпатичните војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ни се повеќе слични нам отколку што мислиме. Во миговите кога не ги чуваат своите две деца – принцот Џорџ и принцезата Шарлот и не морa да ги извршуваат службените должности, само сакаат да испијат пијалак на мир и да се забавуваат.
Како што известува „Лук“, Кејт и Вилијам одлучиле Денот на вљубените оваа година да го прослават неколку дена порано, па ги оставиле принцот Џорџ и принцезата Шарлот на чување и изглегле во својот омилен паб „Краун ин“, во близина на својата куќа, каде вечерале и се забавувале.
Очевидци велат дека Кејт пиела минерална вода, а Вилијам вино. Изгледа Кејт била задолжена за возење назад на имотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.