| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал со гол во последната минута се врати во борбата за шампионската титула (видео)

Лидерот на табелата во премиерлигата Лестер по седум натпревари без пораз, денеска потклекна во на гостувањето на „Емирати“ против Арсенал и загуби со 2-1.
Во исклучително драматичен натпревар, избраниците на Арсен Венгер со гол во судиското продолжение стигнаа до победата и му се приближија на Лестер на два бода на табелата.
Арсенал стигна до пресврт победа од 2-1 (0-1), откако гостите први поведоа со голот од пенал на Варди во 45. минута. Лестер и со играч помалку, по исклучувањето на Симпсон во 54. минута, долго се спротиставуваше. Гостите, најпрво, со голот на Варди од пенал во 45. минута стигнаа до предност од 0-1, а потоа дозволија Волкот во 70. минута да донесе израмнување.
Триумфот на Арсенал следеше со погодокот на резервистот Велбек кој влезе игра во 83 минута и се покажа како вистински џокер за „топчиите“. Тој по паузата од девет месеци се врати на терен и го сруши лидерот во Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top