Она што Зоран Заев го нарачува, специјалнната јавна обвинителка Катица Јанева го испорачува. Доколку во јавноста имаше и најмала дилема околу веродостојноста на мастерпланот на Заев и Јанева за кој медиумите пишуваа уште пред неколку недели, по завчерашната политичка прес-конференција на Јанева таквите дилеми повеќе не постојат.
Ова видео, објавува Курир се чини дека најдобро ја отсликува поврзаноста на СДСМ со СЈО, односно на Зоран Заев со Катица Јанева. Ваквата прес-конференција на Јанева дојде по само неколку дена откако Заев ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Јанева треба да ги спроведе по негов заповед.
–Јас се борев заедно со вас за ова специјално обвинителство, рече Заев во Капиштец.
–Сакам да ја најавам првата акција на специјалното јавно обвинителство, рече Јанева.
–Тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти, изјави Заев.
–Постапки за десеттина кривични предмети, рече Јанева.
–И дај Боже и притвори, изјави Заев.
–Предложена е мерка притвор како најстрога мерка за обезбедување присуство, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
– Е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, заклучи Заев во Капиштец.
Костов: СДСМ ги најави акциите на СЈО и Јанева
Од сето ова, очигледен заклучок е дека Зоран Заев наредува, а СЈО и Катица Јанева исполнуваат, сметаат експертите. Експертската јавност е согласна дека опозицискиот лидер очекува Јанева да му биде ударна тупаница и директно да му помогне на СДСМ за изборите, во недостиг на конкретни мерки и проекти од кои полза ќе имаат граѓаните.
Според поранешниот јавен обвинител Сотир Костов, СЈО на прес-конференција на јавноста и’ претставило еден композит од политика, политиканство и право. Костов вели дека специјалната ајвна обвинителка потпомогната од своите две помошнички или заменички, пред да го запознаат Судот, смета Костов, ни претставуваат битија на кривични дела, дури така уверливо го претставуваа за потоа да се признае дека тоа се прави за да се придобиеаајвноста
-За едни локални избори, каде што во секоја општина изборот е посебен да кажете дека е криминализиран со тие дејствија и е криминализиран целиот изборен систем, а потоа и сите институции на државта, тоа е однапред политизирање на предметот и тоа е кога правото оди во политика, а потоа во политиканство, вели Костов.
Тој додава дека Судот бил коректен и не е добро да се коментира за нешто за кое не е конечна одлуката, сега ќе има жалба.
– И тоа пазете, жалбата е најавена на Фејсбук. Без коментар! Уште еднаш ни се случува нешто да се дава квалификатив за Судот. Судот замислете пропуштил шанса да влезе во историјата на Македонија и македонското правосудство, ама ќе влезел така ако постапел по желбата на Катица Јанева да и ја исполни музичката желба да прифати се што таа напишала. Доказите се најбитни за одредување на мерка притвор. Значи, ако Судот цени дека некој ќе избега, дека некој ќе влијае на сведоци, дека некој ќе го повтори делото, ќе примени мерка притвор. Ако оцени дека тоа не е случај, нема да го примени тоа, вели Костов.
Поранешниот јавен обвинител додава дека СЈО се труди да работи законски, но ги пробива рамките на законските овластувања, дури и нехумано постапува.
-Еве видовме како постапи со Темелко, тој е наш државјанин, тој и боледува од нешто, без судски налог ви се молам го затвораат. Очекувам СЈО да ги одбијат советите и предлозите од полит-комесарите кои понеделникот, вторникот и средата ги најавија акциите на Катица Јанева, а тоа знаете на кој мислам, на Шекеринска, на Заев, на Фрчкоски, кои рекоа ќе има апсења, вмровците мора сите до еден да се отераат во затвор. И пазете, утредента Катица излегува со прес-конференција и најавува „Титаник“. Е сега, овде има работа за психолози, комуниколози, социолози, правни стручњаци. Некој требало да и каже за што е поим „Титаник“ и сега на кого ќе му се случи титанот ајде да видиме. Јас лично мислам дека „Титаник“ е СЈО, такви хајки со средновековен шмек мислам не се прават, заклучува Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)