| четврток, 6 декември 2018 |

Ретко виден натпревар во забивање на ол стар викенд, Левин ја одбрани титулата (видео)

Овогодинешниот НБА ол стар викенд се одржува во Торонто. Домаќинот може да се пофали со натпревар во забивање кој ретко можеше да се види во минатите години, а двајца главни актери беа Зек Левин од Минесота и Арон Гордон од Орландо.

На крајот Левин ја одбрани титулата освоена минатата година со забивање од 50 бода и застана рамо до рамо со Мајкл Џордан, Џејсон Ричардсон и Нејт Робинсон, на кои досега единствено им успеало да ја одбранат титулата во забивање.

NBA All-Star Weekend

– Мислам дека ја извадивме на дело сета магија вечерва. Беа видени работи кои претходно никогаш не се демонстрирани на ваквите натпреварувања. Не сакам да се споредувам со Џордан и великаните, но и на двајцата ни успеаја работи за кои на професионалците во забивање им се неопходни четири или пет обиди, а ние тоа го правевме од прва – истакна Левин по спектаклот.

Левин и Гордон едноставно летаа по паркетот, забиваа со бројни маневри едноставно восхитувајќи ја публиката во Торонто. На крајот дојде до дополнителни забивање во кое Левин славеше со забивање од линијата за слободни фрлања низ нозе, додека претходно, според мислењето на многумина, Гордон беше оштетен од страна на судиите со 47 бода за забивање зад грб. Многумина во арената мислеа дека тоа е за 50 бода.

NBA All-Star Weekend

– Тоа е забивање кое јас често го користам, но некогаш од страна не може да го видите добро. Можеби требаше да одберам некое друго забивање. Бев подготвен за едно вакво натпреварување, знаев дека ќе биде фантастично затоа што и двајцата сме одлични, па се надевам дека сите уживаа – рече Гордон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top