| четврток, 6 декември 2018 |

Клеј Томпсон го победи Стеф Кари во шутирање тројки на ол стар викендот (видео)

klej tompson

Сега веќе поранешниот шампион во шутирање тројки Стефон Кари и оваа година се обиде да победи на ол стар викендот и да ја одбрани титулата, но тоа не се случи бидејќи подобар од него во финалната серија беше неговиот клупски колега Клеј Томпсон.
Дека во актулениот шампион Голден Стејт има фантастични шутери покажа и ова натпреварување на ол стар викендот во Торонто.
Проверени “снајпери“ се најдоа во ова натпреварување во Торонто, покрај Кари и Томпсон, и Харден, Редик и Лаури предизвикани и од помладите сили Крис Мидлтон, Девин Букер и Си-Џеј Меколум.

Кари лошо почна во полуфиналето, а потоа врза 11 тројки, погоди шарена во последната секунда и се пласираше во финалето. Потполно потфрлија Мидлтон, Мекалум и миленикот на домашната публика, Кајл Лаури. Во баражот со ист број поени отидоа Харден, Редик и Букер, а победи аутсајдерот од Феникс. Букер погоди две тројки повеќе од Харден и од Редик и заслужено се најде во финалето со Кари и со Томпсон.

А, во финалето, младиот Букер немаше шанси против „браќата“ од Голден стејт. Кари постигна извонредни 23 поени, но Томпсон одговори со рафална стрелба. Клеј Томпсон го израмни рекордот на Олстар со 27 поени, ги погоди сите пет шарени топки во последната серија и ја освои титулата на најдобар шутер за три поени на викендот на најдобрите во Торонто. Како и да е, трофејот останува во Оукленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top