| четврток, 6 декември 2018 |

Челси како во старите добри времиња, со „петарда“ го испрати Њукасл од „Стенфорд бриџ“ (видео)

epa05158753 Chelsea players celebrate after a goal during the English Premier League soccer match between Chelsea and Newcastle at Stambford Bridge, London, Britain, 13 February 2016. EPA/SEAN DEMPSEY EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' service. Online in-match use limited to 75 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Челси конечно одигра еден натпревар онака како што му доликува на актуелниот првак на Премиер-лигата, декласирајќи го составот на Њукасл со убедливи 5-1. „Сините“ сите дилеми ги решија уште во првите 17 минути, во кои првите три обиди кон противничкиот гол ги претворија во погодоци, најпрвин прецизен беше Диего Коста, а по него Педро и Вилијан. Педро во второто полувреме го постигна и својот втор гол, а на 5-0 зголеми младиот Траоре, кој влезе во игра во финишот на местото на Диего Коста.

Конечните 5-1 во самиот финиш го постави Таунсенд, кој со прецизен удар од дваесет метри го матираше Тибо Куртоа.

Црна дамка за Челси на овој меч остави повредата на капитенот Џон Тери, кој мораше да биде заменет во првото полувреме и сега е крајно неизвесен за претстојното осминафинале од ЛШ против Пари сен Жермен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top