
Борусија Дортмунд експресно се врати на победите во Бундес-лигата по минатонеделното реми со Херта, па „милионерите“ попладнево рутински славеа над Хановер со 1-0. Дури и без својот најдобар напаѓач во тимот, Обамејанг, домашните фудбалери целосно доминираа на теренот, создавајќи бројни шанси од кои реализираа само една. Мхитаријан беше стрелец на единствениот погодок, откако ерменскиот ас со прецизен удар од дваесетина метри го матираше гостинскиот голман.
Баер Леверкузен стигна до значаен триумф на гостувањето против Дармштад (1-2), успевајќи да стигне до пресврт и без помошта на повредениот Чичарито Ернандез. Сулу со автогол го израмни резултатот на овој меч, а победничкиот гол беше дело на младиот Брант.
Рутинска победа забележа Волфсбург, славејќи со 2-0 против екипата на Инголштад. „Волците“ целата работа ја завршија во првото полувреме, кога преку Дракслер и Кнохе ја осигураа победата.
Резултати Германија:
Вердер – Хофенхајм 1-1, Дармштад – Баер Л. 1-2, Борусија Д. – Хановер 1-0, Волфсбург – Инголштад 2-0, Штутгарт – Херта 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


