
Екипата на Манчестер јунајтед направи уште еден исчекор наназад кон топ4 местата во Премирелигата откако во првиот термин од денешните натпревари загуби на гостувањето кај Сандерленд.
Избраниците на Луј ван Гал уште еднаш одиграа под своите квалитети и реноме, претрпувајќи го седмиот пораз сезонава, со кој повторно се големува притисокот врз холандскиот стручњак. Кошмарот за Ван Гал на „Стадионот на светлината“ почна по само три минути, откако домаќините поведоа откако слободниот удар од триесетина метри мина низ десетина фудбалери и заврши во аголот од голот на Де Хеа. Иницијативата на Јунајтед вроди со плод, па гостите израмнија преку Марсијал во финишот од полувремето.
Сандерленд сепак дојде до цел плен, многу значаен за овој тим во битката за опстанок, откако Коне шутираше силно со глава, а Де Хеа со несмасна интервенција ја смести топката во сопствената мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


