| четврток, 6 декември 2018 |

Блан го чува најсилното оружје за ЛШ против Челси

blan i ibrahimovic

Пари сен Жермен веќе создаде огромна предност во однос на ривалите во француското првенство, па тренерот Лорен Блан има можност да им даде одмор на дел од првотимците во пресрет на продолжението од Лигата на шампионите.

Анхел ди Марија последните средби ги почнуваше од клупата за резерви, додека денешниот дуел против Лил „светците“ ќе го одиграат значително ослабени откако Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва и Тијаго Мота не се најдоа ниту на поширокиот список на Блан.

Во ситуација кога за неколку дена ќе следи првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Челси, јасно е дека „светците“ не сакаат да ризикуваат со фудбалерите врз кои ќе падне голем товар во следниот период. Сепак, интересно ќе биде да се види како ќе функционира нападот без Ибрахимовиќ, особено во период кога Единсон Кавани не се наоѓа во добра форма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top