Хрват, маж на возраст од 77 години починал на шалтер додека чекал потврда дека е жив, објавуваат медиумите на таа земја.
Настанот се случил минатата недела во просториите на Хрватскиот завод за пензиско осигурување (ХЗМО) во Копривница. На човекот ненадејно му се слошило на шалтер. Само паднал и останал неподвижно да лежи. Службениците веднаш повикале итна помош, но на несреќниот човек му немало помош.
Потврда за живот, како што се вика документот, им е потребна на лицата кои примаат пензија од странство.Постарите лица таа потврда мора секоја година да ја доставуваат во пензиските заводи во земјите од кои добиваат пензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.