Со натпреварот меѓу младите ѕвезди од САД и Канада и остатокот од светот, ноќеска почна овогодишниот Ол стар викенд што се одржува во Торонто.
Олстар викендот во НБА-лигата што оваа година се одржува во Торонто традиционално стартуваше со „меч на ѕвезди во подем“, во кој екипите беа поделени на американски и странски кошаркари. На крајот, славеа Американците со 157-154, но фановите во Торонто имаа можност да уживаат во бројни атракции на кошаркарите од двете екипи.
Вечерта ја одбележеаа тројца кошаркари кои постигнаа по 30 поени. Во составот на „домашните“ се истакнаа Минесота Тимебвулфс, Ендрју Вигинс и Зек Левин. МВП наградата ја доби Левин кој на своите поени додаде и седум асистенции и четири асистенции.
На спротивната страна кошаркарот на Њујорк Кристапс Порзингис беше најзабележителен кој истотака постигна 30 коша. Освен Порзингис, кај странските ѕвезди се истакнаа Марио Хезоња кој го заврши со 19 поени и Никола Јокиќ со 12.
– Прекрасно беше чувството да се игра пред домашната публика во Торонто, пред луѓето кои долго не сум ги видел, пред семејството и пријателите – изјави Вигинс кој е Канаѓанец.
Вигинс беше спектакуларен, но не го извади целиот репертоар забивања затоа што вечерва ќе се обиде да ја освои наградата во тоа натпреварување.
Спецнијални гости на вечерта беа канадските тенисери Милош Раониќ и Ежени Бушар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)