По повод 14 февруари, Денот на виното и вљубените, вечерва со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ) ќе започне специјално режирана концертна изведба на популарната кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф под диригентство на Иван Еминовиќ.
Ќе настапат солистите: Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон), како и хорот и оркестарот на МОБ. Режисер е Дејан Прошев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.