Париското обвинителство соопшти дека открило траги од ДНК на непознат човек на два ремени со експлозиви на терористите кои учествувале во нападите во Париз од 13 ноември. Обвинителството сепак не појасни колку точно лица се сомничат дека се вмешани во нападите во кои загинаа 130 лица.
Еден од двата појаси беше пронајден десет дена по нападите од општински службеници, при чистење на улица во предградието на Париз Монруж. Појасот бил во еден од контејнерите за ѓубре. Тогаш истражителите го поврзаа овој појас со активностите на Салах Абдеслам, баран поради својата улога во нападите во Париз.
Според податоците од неговиот мобилен телефон, истражувачите утврдиле дека по нападите во Париз тој отишол токму во Монруж. Истрагата претпоставуваше дека од непознати причини Абдеслам се откажал од својот план да се саморазнесе.
Инспекторите истакнаа дека еден човек од лицата ги направил сите појаси со експлозиви.
Обвинителството на Париз појасни дека траги од ДНК беа пронајдени на појасот од Монруж, но тие не одговараат на ДНК-то на Абдеслам и се на засега непознато лице. Токму ДНК од истиот тој човек било пронајдено и на остатоците од другиот појас со експлозив пронајден на телото на Брахим Абдеслам – братот на Салах, кој се разнесе во кафуле на булеварот “Волтер” во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.