| четврток, 6 декември 2018 |

Тајани порача: Избори во Македонија во најкус можен рок кои ќе ја решат политичката криза

antonio-tajaniПотпретседателот на Европската комисија Антонио Тајани  имаше свое обраќање на денешната тркалезна маса на тема: “Економијата, инфраструктурата и претприемништвото”, при што потенцираше дека во Македонија мора да се случат избори во најкус можен рок и дека на тој начин ќе се надмине политичката криза во земјава.

Тајани посочи дека на изборите граѓаните ќе изберат влада која ќе донесе стабилност и демократија. Притоа во својот говор даде силна поддршка на политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, особено во делот на економијата.

Според него, возможно е во Македонија да следуваат либерални избори на кои граѓаните ќе гласаат во периодот пред ова лето. На тој начин според потпретседателот на ЕП ќе се стави крај на политичката криза во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top