Ромските семејства што имаа налог да се иселат од нивните импровизирани куќи под скопското Кале во близина на Царинската управа, сè уште не ја напуштаат локацијата. Откако сопственикот на приватната парцела завчера дојде со багер за да ја расчисти дивата населба, како и депонијата што ја нагрдува околината, тие протестираа и пред владата барајќи помош од државата да им обезбеди покрив над глава, објави порталот „Скопје инфо“.
Градските власти информираат дека тоа се семејства што се населени на приватна парцела, која, според урбанистичкото решение, треба да се пополни со хотели, па затоа инспекциски служби издале налог за нејзино чистење.
Неофицијално, на неа има маркичка за изградба на хотел. Токму неколку парцели под Кале уште пред четири-пет години беа продадени со намена за изградба на хотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Искачување на Кале со лифт: Два тунелa ќе бидат пробиени под Скопската тврдина
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира


