| четврток, 6 декември 2018 |

Ја фотографирал сопругата: не можел ниту да претпостави дека ќе стане интернет – сензација

Идниот татко Дан Мозер направил фотографија за која многумина би платиле.

foto-zivota-696x432

Тој сакал да ја фотографира сопругата Ангелина која стоела покрај морето, а токму во тој момент од водата во далечина изронил делфин.

-Делфинот сигурно знае дека мама е бремена – е само еден од коментарите на оваа фотографија.

Гордиот фотограф ја испратил до локалните медиуми и многу брзо станал сензација на интернетот. Дан кажал дека бил премногу возбуден откако видел што успеал ненамерно да фотографира.

Фотографијата за која велат дека ќе влезе во избор за фотографија на година е направена во Флорида.

делфин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top