Доаѓањето на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ од јуни е веќе јавна тајна во Англија. Португалецот, наводно, веќе ги договорил сите услови со сопствениците на Јунајтед, а само се чека официјалната потврда.
Но, актуелниот тренер на Манчестер јунајтед, Луј ван Гал вели дека не знае за ништо такво, и верува дека тој прв би бил информиран ако има некакви разговори или договор со Мурињо.
– Мурињо е мој добар пријател. Не знам дали тој разговарал со сопствениците на клубот околу преземањето на клупата. Но, може да кажам дека јас разговарав со потпретседателот Ед Вудворд, и искрено не можам да замислам дека од клубот во исто време разговараат и со мене и со Мурињо. Мислам дека би бил информиран ако тие разговараат со Мурињо, затоа што таков однос имам со сопствениците на клубот – вели Ван Гал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ципрас и Пенс телефонски разговарале за преговорите за името на Република Македонија
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед