Севилја и официјално си закажа финале во Купот на кралот во Шпанија, откако на реванш полуфиналето пресметка одигра 2-2 на гостувањето против Селта.
По убедливата победа од 4-0 на првиот натпревар, Севилја ќе биде вториот финалист во Купот на дуелот кој на 21. мај ќе го игра против Барселона, која претходно ја елиминираше Валенсија.
На дуелот во Виго, Селта поведе со голот на Аспас во 26. минута. Аспас со својот втор гол во 55. минута внесе тензија на дуелот, но набрзо сите неизвесности околу патникот во финалето ги разреши Банега по погодокот во 57. минута за Севилја. Гостите до крајот преку погодокот на украинскиот репрезентативец Конопљанка во 87. минута успеаја и да го израмнат резултатот, за конечни 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)