| четврток, 6 декември 2018 |

Проф. д-р Крстевска: Дијабетесот зазема епидемиски размери

Во пос­лед­но вре­ме се со­о­чу­ва­ме со епи­де­ми­ја. Спо­ред пос­лед­ни­те ана­ли­зи од Кон­гре­сот на Ин­тер­на­ци­о­нал­на­та фе­де­ра­ци­ја за ди­ја­бе­тес, кој бе­ше одр­жан во Ван­ку­вер во де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на, бе­ше со­оп­ште­на фра­пант­на број­ка од 415 ми­ли­о­ни ли­ца за­бо­ле­ни од ди­ја­бе­тес ши­рум све­тот. Тоа зна­чи де­ка број­ка­та од го­ди­на во го­ди­на рас­те, ка­ко во не­раз­ви­е­ни­те, та­ка и во раз­ви­е­ни­те зем­ји, ве­ли проф. Кр­стев­ска

Ди­ја­бе­те­сот за­зе­ма епи­де­ми­ски раз­ме­ри во свет­ски рам­ки, а Ма­ке­до­ни­ја во­оп­што не за­о­ста­ну­ва. На­про­тив, бро­јот на за­бо­ле­ни од оваа хро­нич­на не­за­раз­на бо­лест по­сто­ја­но рас­те, а нај­че­сти ри­зич­ни фа­кто­ри за по­ја­ва на оваа бо­лест се ге­не­ти­ка­та, во­зра­ста де­бе­ли­на­та, стре­сот и сме­не­ти­те жи­вот­ни на­ви­ки ка­ко во фи­зич­ка­та актив­ност, та­ка и во ис­хра­на­та. Ма­ке­до­ни­ја не е де­бе­ла на­ци­ја, но Ма­ке­дон­ци­те ка­ко на­ци­ја се нат­хра­не­ти, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ про­фе­сор д-р Бран­ки­ца Кр­стев­ска, спе­ци­ја­лист ин­тер­нист, супс­пе­ци­ја­лист ен­до­кри­но­лог.

 

dr Brankica Krstevska - dijabet 7 (Custom)

Ма­ке­до­ни­ја не е де­бе­ла на­ци­ја, но Ма­ке­дон­ци­те ка­ко на­ци­ја се нат­хра­не­ти, вели проф. д-р Крстевска

 

Ди­ја­бе­те­сот е ед­на од нај­че­сти­те бо­ле­сти во со­вре­ме­но­то оп­штес­тво. Спо­ред не­кои ста­ти­сти­ки, во Ма­ке­до­ни­ја од ди­ја­бе­тес стра­да­ат око­лу 120 ил­ја­ди ли­ца. Ка­ко ја ко­мен­ти­ра­те оваа број­ка?

КР­СТЕВ­СКА: Ди­ја­бе­те­сот е нај­че­ста хро­нич­на не­за­раз­на бо­лест ко­ја за­зе­ма епи­де­ми­ски раз­ме­ри. Во пос­лед­но вре­ме се со­о­чу­ва­ме со епи­де­ми­ја. Спо­ред пос­лед­ни­те ана­ли­зи од Кон­гре­сот на Ин­тер­на­ци­о­нал­на­та фе­де­ра­ци­ја за ди­ја­бе­тес кој бе­ше одр­жан во Ван­ку­вер во де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на, бе­ше со­оп­ште­на фра­пант­на број­ка од 415 ми­ли­о­ни ли­ца за­бо­ле­ни од ди­ја­бе­тес ши­рум све­тот. Тоа зна­чи де­ка број­ка­та од го­ди­на во го­ди­на рас­те, ка­ко во не­раз­ви­е­ни­те, та­ка и во раз­ви­е­ни­те зем­ји. Во раз­ви­е­ни­те зем­ји тоа е бо­лест на си­ро­маш­ни­те, а во не­раз­ви­е­ни­те на бо­га­ти­те. Во САД има најм­но­гу за­бо­ле­ни од ди­ја­бе­тес, 11 ми­ли­о­ни жи­те­ли. Во Евро­па број­ки­те се по­ма­ли. Од европ­ски­те зем­ји, Тур­ци­ја има нај­ви­со­ка пре­ва­лен­ца на ова за­бо­лу­ва­ње. За жал, и Ма­ке­до­ни­ја е во ед­на од нај­ви­со­ки­те зем­ји со ви­со­ка пре­ва­лен­ца, ко­ја из­не­су­ва око­лу 9,3 про­цен­ти. Тоа зна­чи де­ка во Ма­ке­до­ни­ја има 180 ил­ја­ди жи­те­ли за­бо­ле­ни од ди­ја­бе­тес. Ста­ре­е­ње­то, ме­ну­ва­ње­то на жи­вот­ни­те на­ви­ки, осо­бе­но во ис­хра­на­та, кон­су­ми­ра­ње­то бр­за хра­на, про­ме­на­та на др­жав­но­то уре­ду­ва­ње и пре­ми­нот од со­ци­ја­ли­зам во тран­зи­ци­ски ка­пи­та­ли­зам, се­деч­ки­от на­чин на жи­вот, по­тоа стре­сот… се­то тоа вли­јае на ви­со­ка­та пре­ва­лен­ца на ди­ја­бе­тес во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Што е ди­ја­бе­тес и кои се при­чи­ни­те за не­го­ва­та по­ја­ва?

КР­СТЕВ­СКА: Ди­ја­бе­те­сот е син­дром кој се ка­ра­кте­ри­зи­ра со пер­ма­нент­но, хро­нич­но зго­ле­ме­но ни­во на кр­вен ше­ќер. Тоа се дол­жи на ап­со­лу­тен де­фи­цит, од­нос­но не­до­ста­ту­ва ин­су­лин кај ли­ца­та со ди­ја­бе­тес тип 1. По­и­на­ку е кај ли­ца­та што има­ат ди­ја­бе­тес тип 2. Та­му е ре­ла­ти­вен, зна­чи има ин­су­лин, ама не­до­вол­но за да одр­жи нор­мог­ли­ке­мич­на со­стој­ба. Кај ди­ја­бе­тес тип 2 се сре­ќа­ва ин­су­лин­ска не­чув­сти­тел­ност ко­ја рас­те со по­ра­стот на те­лес­на­та те­жи­на. Ди­ја­бе­те­сот е хро­нич­на хи­перг­ли­ке­ми­ја и се раз­ви­ва­ат комп­ли­ка­ции на ма­ли­те крв­ни са­до­ви, ко­ја е оз­на­че­на ка­ко ми­кро­ан­ге­о­па­ти­ја, и на го­ле­ми­те крв­ни са­до­ви, ма­кро­ан­ге­о­па­ти­ја, поз­на­та во на­ро­дот уште ка­ко ар­те­ри­оск­ле­ро­за.

 

dr Brankica Krstevska - dijabet 1 (Custom)

Ди­ја­бе­те­сот е опре­де­лен од во­зра­ста

 

Кол­ку ти­по­ви ди­ја­бе­тес по­сто­јат?

КР­СТЕВ­СКА: Ди­ја­бе­те­сот тип 1 се ја­ву­ва во дет­ска во­зраст и до 30. го­ди­на од жи­во­тот. Во ос­но­ва ста­ну­ва збор за авто­и­му­но за­бо­лу­ва­ње ка­де што до­а­ѓа до уни­шту­ва­ње на кле­тки­те од пан­кре­а­сот кој соз­да­ва­ат ин­су­лин и фа­ктич­ки тие се до­жи­вот­но за­вис­ни од ин­су­лин­ска­та те­ра­пи­ја. Тој се раз­ви­ва мно­гу бр­зо и ги има си­те кла­сич­ни симп­то­ми – су­ва ус­на, че­сто пи­е­ње во­да, ноќ­но мо­кре­ње, гу­бе­ње на те­лес­на те­жи­на. Има скло­ност кон по­ја­ва на ми­кро­ва­ску­лар­ни комп­ли­ка­ции. За раз­ли­ка од не­го, ди­ја­бе­те­сот тип 2 се ја­ву­ва кај по­во­зрас­ни ли­ца. Ста­ну­ва збор за на­ма­ле­на се­кре­ци­ја на бе­та-кле­тка­та ка­ко ре­зул­тат на по­сто­е­ње на ин­су­лин­ска не­чус­тви­тел­ност. Во пос­лед­но вре­ме че­сто го­во­ри­ме и за зго­ле­ме­на ком­по­нен­та на глу­ка­гон кој не мо­же да се су­при­ми­ра. Ли­ца­та со ди­ја­бе­тес тип 2 че­сто ги за­по­ста­ву­ва­ат симп­то­ми­те де­ка не­што се слу­чу­ва во нив­ни­от ор­га­ни­зам. По­стои и ге­ста­ци­ски ди­ја­бе­тес и на крај, се­кун­дар­ни­от ди­ја­бе­тес, кој се ја­ву­ва ко­га има бо­лест на пан­кре­а­сот.

 

Кои се ри­зич­ни­те фа­кто­ри­те за по­ја­ва на ди­ја­бе­тес?

КР­СТЕВ­СКА: Ди­ја­бе­те­сот е опре­де­лен од во­зра­ста. Со ста­ре­е­ње­то, рас­те и про­цен­тот на за­бо­ле­ни. Ри­зич­ни фа­кто­ри се и де­бе­ли­на­та, ет­нич­ка­та при­пад­ност и фа­ми­ли­јар­на­та анам­не­за. Зна­чи, ди­ја­бе­те­сот мо­же да се по­ја­ви ако по­стои ге­нет­ска пре­дис­по­зи­ци­ја. Тој се по­ја­ву­ва ко­га па­ци­ен­тот ќе ги про­ме­ни жи­вот­ни­те на­ви­ки – ќе поч­не да се хра­ни по­ве­ќе откол­ку што тро­ши и ко­га не­ма да спро­ве­ду­ва фи­зич­ка актив­ност. Ри­зи­кот за по­ја­ва на ди­ја­бе­тес рас­те по 45. го­ди­на и за­тоа тре­ба да се пра­ви ске­ни­ра­ње. Тоа поч­на да се пра­ви кај нас, од­нос­но ма­тич­ни­те ле­ка­ри поч­наа да го спро­ве­ду­ва­ат. Де­бе­ли­на­та, исто та­ка, е ри­зи­чен фа­ктор, а во Ма­ке­до­ни­ја има по­ве­ќе нат­хра­не­ти. Ние не сме де­бе­ла на­ци­ја, но сме нат­хра­не­та на­ци­ја. Во ри­зич­на­та гру­па спа­ѓа­ат и ли­ца со зго­ле­мен кр­вен при­ти­сок, по­ви­сок од 140 со 90, ли­ца со зго­ле­ме­ни триг­ли­це­ри­ди по­ви­со­ки од 1,7 и хдл по­ни­зок од 1,23 за же­ни и 1,03 ми­ли­мо­ли за ма­жи. Во по­себ­на ка­те­го­ри­ја се же­ни­те кои има­ат по­ли­ци­сти­чен ова­ри­ја­лен син­дром кој но­си скло­ност за ме­та­бол­ни за­бо­лу­ва­ња и ге­ста­ци­ски­от ди­ја­бе­тес, кој мо­же да по­ми­не во тип 2.

 

dr Brankica Krstevska - dijabet 6 (Custom)

Сту­ди­и­те по­ка­жа­ле де­ка ли­ца­та со аку­тен ми­о­кар­ден ин­фаркт кои има­ат ди­ја­бе­тес тип 2 уми­ра­ат во 70 от­сто од слу­ча­и­те

 

Ка­кви комп­ли­ка­ции мо­же да пре­диз­ви­ка ди­ја­бе­те­сот ако ре­дов­но не се кон­тро­ли­ра и не се вни­ма­ва на пре­по­ра­ки­те од до­кто­ри­те?

КР­СТЕВ­СКА: Ди­ја­бе­те­сот ка­ко хро­нич­на бо­лест да­ва и хро­нич­ни комп­ли­ка­ции. Тоа се комп­ли­ка­ции на ма­ли­те крв­ни са­до­ви, пред сѐ на ре­ти­на­та, по­тоа оште­ту­ва­ње на ка­пи­ла­ри­те во бу­бре­гот и оште­ту­ва­ње на нер­ви­те. Ова е поз­на­то ка­ко ди­ја­бе­тич­на ми­кро­ан­ге­о­па­ти­ја. Овие комп­ли­ка­ции се иск­лу­чи­во ка­ра­кте­ри­сти­ка на ди­ја­бе­те­сот. Нас­про­ти ова по­стои и мар­ко­ан­ге­о­па­ти­ја или ар­те­ри­оск­ле­ро­за ко­ја е два до че­ти­ри­па­ти изра­зе­на кај ли­ца­та со ди­ја­бе­тес, што зна­чи де­ка ли­ца­та со ди­ја­бе­тес 2 по­че­сто за­бо­лу­ва­ат од бо­ле­сти на ср­це­то во спо­ред­ба со оп­шта­та по­пу­ла­ци­ја. Два­па­ти по­че­сто за­бо­лу­ва­ат од бо­ле­сти на мо­зо­кот ка­ко што е мо­зо­чен удар. Сту­ди­и­те по­ка­жа­ле де­ка ли­ца­та со аку­тен ми­о­кар­ден ин­фаркт кои има­ат ди­ја­бе­тес тип 2 уми­ра­ат во 70 от­сто од слу­ча­и­те.

 

Кол­ку има ви­сти­на во твр­де­ње­то де­ка ис­хра­на­та е по­ло­ви­на лек ко­га ста­ну­ва збор за ле­ку­ва­ње на ди­ја­бе­те­сот?

КР­СТЕВ­СКА: Кај ди­ја­бе­тес тип 1 па­ци­ен­ти­те нај­че­сто се пот­хра­не­ти и ним им се да­ва хра­на со по­ве­ќе ка­ло­рии. За ли­ца­та со ди­ја­бе­тес тип 2 се пре­по­ра­чу­ва ба­лан­си­ра­на ис­хра­на. Мно­гу сме­тка се во­ди за со­др­жи­на­та на јаг­ле­хи­дра­ти­те. Тие ди­рект­но го зго­ле­му­ва­ат крв­ни­от ше­ќер. Не се­ко­ја хра­на ко­ја има јаг­ле­хи­дра­ти има по­дед­на­кво вли­ја­ние на зго­ле­му­ва­ње на крв­ни­от ше­ќер. Има про­ду­кти кои има­ат ви­сок гли­ке­ми­ски ин­декс, ка­ко ори­зот и ком­пи­рот во од­нос на бо­ра­ни­ја­та, на при­мер. Те­мел на трет­ма­нот е ди­е­та­та и фи­зич­ка­та актив­ност. Пре­по­ра­ки­те се во од­нос на во­зра­ста. Ини­ци­ја­ти­ва­та за ја­де­ње здра­ва хра­на ко­ја поч­на во гра­дин­ки­те е за поз­дра­ву­ва­ње.

 

Ше­ќер­на­та бо­лест кај труд­ни­ци нај­че­сто трае при­вре­ме­но и ини­ци­јал­но се по­ја­ву­ва во те­кот на бре­ме­но­ста. Ва­кво­то на­ру­шу­ва­ње мо­же да би­де нез­год­но и за мај­ка­та и за де­те­то. Кои се мож­ни­те пос­ле­ди­ци?

КР­СТЕВ­СКА: Ге­ста­ци­ски­от ди­ја­бе­тес се ја­ву­ва во вто­ра­та по­ло­ви­на од бре­ме­но­ста. Ше­ќе­рот од мај­ка­та по­ми­на низ по­стел­ка­та. Кол­ку е тој по­ви­сок, тол­ку и бе­бе­то ќе би­де снаб­де­но со ше­ќер. По­стои ри­зик да се раз­ви­ва­ат го­ле­ми, круп­ни ма­кро­со­мич­ни бе­би­ња кои кра­тко­роч­но но­сат ри­зик од по­ро­дил­на тра­у­ма ако се ра­ѓа­ат по при­ро­ден пат. Овие бе­би­ња мо­же да да­дат и дол­го­роч­ни пос­ле­ди­ци. Тоа зна­чи де­ка ако по­дол­го се сти­му­ли­ра пан­кре­а­сот, мо­же да до­ве­де до на­ма­лу­ва­ње на ма­са­та на бе­та-кле­тки­те, ко­ја по­доц­на во жи­во­тот ќе се ма­ни­фе­сти­ра ка­ко ди­ја­бе­тес во адо­лес­цент­ни­от пер­и­од, ду­ри и во по­доц­неж­ни­от пер­и­од. Во Ма­ке­до­ни­ја по­ве­ќе од 20 го­ди­ни пра­ви­ме ске­ни­ра­ње од 24. до 28. ге­ста­ци­ска не­де­ла и тоа е во­вед­но со ре­гу­ла­ти­ва. По по­ро­ду­ва­ње, тој ди­ја­бе­тес по­ми­ну­ва. Но, ге­ста­ци­ски­от ди­ја­бе­тес е про­зо­рец кон неј­зи­на­та ид­ни­на. Тоа зна­чи де­ка таа спа­ѓа во ри­зич­на­та гру­па и за де­сет го­ди­ни 50 от­сто од овие же­ни раз­ви­ва­ат ди­ја­бе­тес тип 2.

 

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Ѓор­ги Ли­чов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top