Откако за првпат стана достапна за сите во 1998 година, вијаграта им помага на милиони мажи да го спасат својот сексуален живот и да ги елиминира проблемите со ерекцијата.
Сите одлично знаат за што служи вијаграта, но веројатно малкумина знаат колку точно трае ефектот и како влијае врз вашето тело и половиот орган.
Последните студии за ефектите од вијаграта во животот на човекот покажаа како пенисот реагира во следните 24 часа од моментот на земањето на овој лек.
ПРВИТЕ 12 МИНУТИ
Вашето тело многу брзо ја апсорбира вијаграта и некои мажи со еректилна дисфункција го добиваат она што го сакале токму на самиот почеток.
ПОСЛЕ 27 МИНУТИ
Доколку не сте добиле ерекција во првите 12 минути, тогаш веројатно ќе станете “тврди” при крајот од 30-те минути. Истражувањата откриле дека лекот реагира просечно после 27 минути, а докторите секако препорачуваат да почекате и еден час.
ПОСЛЕ 57 МИНУТИ
На истекот од првиот час доаѓате до максималната ерекција бидејќи лекот допира и доаѓа до најголема концентрација во вашата крв. Затоа лекарите препорачуваат вијаграта да ја консумирате еден час пред сексот. Студиите велат дека ерекцијата кај некои мажи достигнува максимум дури и во 33 минута.
ЧЕТИРИ ЧАСА ПОСЛЕ КОНСУМИРАЊЕТО
Вијаграта е се’ уште во “полуживот” после четири часа, што значи дека лекот и натаму струи низ вашето тело 50%. Тоа веднаш значи дека и натаму сте способни за секс.
ПОСЛЕ 10 ЧАСА
Научниците тврдат дека вијаграта може да делува и десет часа по консумирањето, доколку генерално имате проблем со ерекцијата, да бидете “тврди”.
ПОСЛЕ 12 ЧАСОВИ
Многу момци се’ уште можат да се “дигнат”, но тоа нема да трае долго. Просечното време за ерекција може да трае до 16 минути.
ЦЕЛ ДЕН ПО КОНСУМИРАЊЕТО
Тогаш вијаграта речиси целосно е изгубена од вашата крв, па така подобро е да не започнувате никаков сексуален перформанс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.