Тинејџер од Велика Британија на 13 години станал зависен од вијагра, која почнал да ја зема под притисок на постари другари, а денес на 15 години раскажува како тоа му го уништило детството.
Момчето, чиј идентитет е заштитен, почнало да ги пие овие таблети кога постарите другари му рекле дека ако не ги пие ќе биде „лош во кревет“ со новата девојка со која планирало да ја изгуби невиноста. Меѓутоа, несреќниот тинејџер станал психички зависен од малите сини таблетки, па на организираните сексуални забави за тинејџери земал и по шест на една вечер, а престанал кога сфатил дека без нив веќе воопшто не може да постигне ерекција.
Неговите родители од Ланкешир немале поим шти се случува и мислеле дека детето оди кај другар да игра видеоигри. Зависноста на рајот го натерала и да краде – во недостаток на финансии за сини таблетки, посегал и по паричникот на родителите.
Во разговор за Сандеј морор вели дека порнографија попчнал да гледа кога имал 12 години на својот паметен телефон. Признал дека дури третина од неговите врсници земаат вијагра:
-Имам чувство дека веќе немам детство, како да ми е уништено. Повеќето луѓе мислат дека вијаграта е за постари мажи, но денес без проблем можете да ја купите и во училиштата. И родителите и децата мораат да знаат што се случува. Би сакал никогаш да не пробав.
Момчето сè уште се лекува, а неговите лекари велат дека ваквите случаи не се невообичаени меѓу тинејџерите кои земаат дрога „од време на време“.
– Децата мислат дека тоа е забава, но убавото чувство што го предизвикува измешано со чувството на непобедливост создава изразита психичка зависност, вели д-р Стив Поуп, еден од лекарите на младото момче од Ланкешир.
Момчето раскажува дека сакало да изгледа како мажите на порнофилмовите, па затоа земало таблети, но девојакта не знаела пред сексот, туку се пофалило по сексот, а нејзе не ѝ пречело, туку го прашала каде може да се набави уште.
Прва помош побарал од родителите кога станал свесен за последиците. Дијагностицирано му е хиперсексуалност (номфоманија), пореметување кое сè уште не е истражено до крај, а на психијатар оди двапати неделно. Се плаши дека последиците од зависноста ќе ги чувствува сè повеќе со текот на годините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.