Еден Азар размислува окоу својата иднина, со оглед на тоа што се појасно е дека во јуни заминува од Челси. Но, ПСЖ не е дел од неговите размислувања.
Како што пренесуваат англиските медиуми, офанзивецот на Челси ги одбил Французите, а причината се Зинедин Зидан и Реал Мадрид.
ПСЖ со месеци се обидува да го договори неговиот трансфер. Уште кога во Лил беше најдобар играч во лигата, ПСЖ се обиде да го доведе но Азар го одбра Челси. Сега приказната се повторува, со тоа што Азар наводно дефинитивно одбрал да се пресели во Реал Мадрид. Меѓу другото, Зинедин Зидан е и идол на Азар…
– Би сакал да ме тренира Зидан. Како дете го гледав на телевизија, а и денес сакам на интернет да ги гледам неговите потези – истакна неодамна Азар.
А, дека е блиску до Реал Мадрид, зборува и ставот на Роман Абрамович кој е одлучен да му дозволи заминување на еден од најдобрите фудбалери во тимот, кој сезонава игра далеку под очекувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.