Почина пред еден месец и не дочека да го види своето прво внуче. Сепак, неколку дена пред смртта Дејвид Боуви дознал дека треба да стане дедо, напишал неговиот син, режисерот Данкан Џонс на својот профил на „Твитер“.
-Денес е еден месец откако умре татко ми . Му направив божикна честитка. Се очекува во јуни. Животен циклус. Те сакам дедо – напишал Данкан Џонс покрај фотографијата на цртежот со дете во утроба покрај облаче „Чекам“.
Боуви, еден од највлијателните уметници во последните 50 години, умре на 10 јанури, два дена по својот 69. роденден и објавувањето на неговиот последен албум „Блекстар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија