Утрово паркот околу скулптурата на Билјана кај Билјанини Извори во Охрид е поплавен, нивото на водата е покачено, тревникот е целосно прекриен со вода, а водата се излева преку пешачката патека и паркингот од ресторанот во каналот Студенчишта, објави „Охрид 1“.
Водата ги има прекриено и пешачките дрвени мостови преку кои се поминува преку водотеците низ паркот.
Утрово работници од ресторанот „Билјанини Извори“ сами се трудеа да го одзатнат одводот, кој е затнат од лисја и од корења од дрвјата.
фото, видео: Охрид 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)