| четврток, 6 декември 2018 |

Лица блиски до СДСМ стојат зад протестот на група приватни специјализанти?!

Зад протестот на група приватни специјализанти, кој денеска се одвиваше пред Министерството за здравство, стојат лица блиски до СДСМ, покажуваат низа фотографии кои веднаш почнаа да кружат по социјалните мрежи, објави „Курир“.

dodeva-1-640

Предводник на протестот е Билјана Додева, која е приватен специјализант, а од фотографиите во продолжение е јасна блиската релација на Додева со раководството на СДСМ.

Од фотографиите е јасно дека станува збор за лојален поддржувач на СДСМ, дури и верен посетител на нивниот “Камп на слободата“.

specijalizanti640

Како воопшто да се верува во било каква легитимност на протестот на приватните специјализанти, кога е кристално јасно кој и со какви намери стои зад него.

dodeva-kamp

specijaliz-3

dodeva-3

Јасно е дека на СДСМ им смета тоа што првпат системски се решава проблем кој 20 години наназад во Македонија не е решен.

За првпат се воведува мерката кофинансирање на приватна специјализација за здравствени работници кои не се вработени во јавни здравствени установи, што значи дека дел од надоместокот за овие специјализации ќе го покрива државата.

Владата ќе носи програма за кофинансирање на специјализации и супспецијализации со која ќе се определува бројот и видот на кофинансираните приватни специјализации за секоја јавна здравствена установа посебно. Овие доктори ќе засноваат работен однос на определено време со јавната здравствена установа и ќе имаат право на плата и надоместок за дежурство, а по завршување на специјализацијата тие ќе бидат вработени без објавување на оглас во установата за која специјализирале.

Друга мерка за специјализантите е кофинансирање на специјализацијата по педијатрија и гинекологија. Докторите кои навреме ќе ја завршат специјализацијата ќе склучуваат договор со Фондот за здравствено осигурување и ќе добиваат гарантиран износ од околу 50 илјади денари месечно за приватната здравствена установа која ќе ја основаат по завршувањето на специјализацијата.

Станува збор за сериозен бенефит за младите лекари затоа што од една страна им се субвенционира специјализацијата, а од друга страна имаат или загарантирано вработување или загарантиран договор со Фондот во износ од 50 илјади денари месечно што е сосема доволно за почеток при основање на приватна здравствена установа.

Како што потенцираше министерот за здравство, Никола Тодоров, на јавната расправа посветена на оваа тема, во Македонија најчесто е критикуван оној кој ќе почне да ги решава проблемите, а не тој што ги става проблемите „под тепих“ и ги заборава.

Не може да се дозволи оној кој ги решава децениските проблеми на приватните специјализанти да биде обвинет дека го предизвикува проблемот. Ние го препознавме проблемот и пристапивме кон негово решавање. Не може да се очекува еден проблем што е создаван дваесет и повеќе години да може да се реши веднаш, туку одиме чекор по чекор, порача министерот Тодоров на неодамна одржаната јавна расправа во Собранието на Република Македонија.

Со позадината на овој протест, јасно е дека СДСМ сака да го опструира секое позитивно решение и секоја позитивна мерка која се воведува во државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top