Нетрпеливоста помеѓу Маја Николиќ и Станија Добројевиќ продолжува и по завршувањето на реалното шоу „Фарма 6“.
Пејачката упати тешки зборови на адреса на старлетата со која поминала 125 дена во реалното шоу. За поранешната цимерка не мисли ништо убаво, а смета и дека испаднала лицемерна поради тоа што нему ги дала ветените пари на Кристијан Голубовиќ.
-На Кристијан му пружив рака, а на Станија не. Тој е темпераментен, има свој уличен свет и жаргон и секако дека не може да зборува како пејач, актер и другите образовани луѓе. Тоа е неговиот уличен жаргон, тоа е Кристијан. Станија покажа дека е сина душа затоа што се уште не му ги исплати парите кои му ги вети, а кои тој ги заслужил зошто таа да го немаше Кристијан би била последна во ова реално шоу. Јавно вети дека ќе му даде 25 000 евра. Кристијан е сосема во право и ако не му ги даде парите мислам дека Господ ќе ја казни. Од самиот почеток ми беше јасно дека таа е најголемата лажга и измамник – кажала Маја и додала дека Станија нема да смее да се врати во Србија кога ќе замине за Америка.
Маја исто така навела дека Станија се занимава со проституција,а не пропуштила да каже и дека не ја смета за згодна.
-Станија не се проституира само во Америка туку и тука. Таа покажа и се демантираше самата себе кога кажа дека ќе отвори училиште за старлети. За 125 дена постојано зборуваше глупости и тресеше зелени што човек и да сака не може да ги запомни сите нејзини глупави реченици. Една од нов беше на пример кога кажа дека млекото на крава и мириса на јарец– појаснила Маја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)