| четврток, 6 декември 2018 |

Челси моќен, евроголот на Луиз уште помоќен (видео)

Актуелниот европски шампион Челси го доби лондонското дерби против Фулам на „Кревен Котиџ“ и одигра моќно, а уште помоќно изгледаше проектилот на Давид Луиз од над 30 метри со кој „сините“ поведоа со 1-0. Потоа неговиот партнер во одбраната Џон Тери даде уште два гола за сигурна победа од 3-0 на гостите.


szólj hozzá: Fulham vs Chelsea 0:3 GOALS HIGHLIGHTS

Манчестер сити долго се мачеше проив Виган, а брилијантната соло-акција на Тевез беше решавачка за минималната победа од 1-0. Тевез мајсторски издрибла двајца противнички играчи и со силен удар ја затресе мрежата на Виган. Гостите беа рамноправен противник и имаа неколку убави шанси, а актуелниот англиски шампион од пораз го сапсија Тевез и голманот Џо Харт, кој одбрани неколку сигурни погодоци на Виган.


szólj hozzá: Manchester City vs Wigan 1:0 Tevez
Новиот шампион Манчестер јунајтед одигра реми, 2-2, со Вест Хем во Лондон. Домаќините двапати водеа, а Јунајтед, кој има 13 бода предност на 6 кола до крајот на шампионатот, двапати израмнуваа за конечно реми. Ваз Те и Дијаме погодија за Вест Хем, а Валенсија и Ван Перси беа стрелци за гостите од Манчестер.

szólj hozzá: West Ham vs Man Utd 2:2 GOALS HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top