Два воени ловци „Су-27“ за малку ќе се судреле со авионот „Ту-134“ кој го транспортира рускиот претседател Владимир Путин. Катастрофата успеале да ја спречат контролорите на летот од московскиот аеродром „Внуково“, кој го пренасочил авионот на Путин, пишува српски „Блиц“.
Инцидентот се случил на 4. февруари на небото над Твер, северозападно од Москва, пишуваат руските медиуми. Авионот „Ту-134“, кој е во сопственост на Специјалниот летачки одред „Русија“, задолжени за транспорт на високи функционери, полетал од аеродромот „Внуково“, а во него немало службени лица, само редовни членови на екипажот.
Авионот полетал околу 11 часот наутро кон Санкт Петербург, а по неколку минути летот бил на височина од 10.000 метри над селото Пачинок во регионот Твер.
Во исто време два ловци „Су-27“ од воената воздухопловна база Хатилово биле на редовна обука за летање, исто така на 10.000 метри и свртеле кон регионот на селото Пачинок.
Воздушните контролори на „Внуково“ забележале дека ловците се движат со голема брзина од 1.300 километри на час кон патничкиот авион и наредиле „Ту-134“ веднаш да се спушти. Како што пишуваат руските медиуми, само секунди ги делело од судир.
Од руското Министерство за одбрана ги демантирале овие информации. Односно изјавиле дека ловците и патничкиот авион биле на редовните линии, но немало никаква опасност.
Погледнете го видеото…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.