| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од обвинетите за тероризам во Диво насеље делумно ја призна вината

divo naselje 6 (Custom)

Еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље од мај минатата година, Сами Укшини, познат како командант Соколи, пред судот рече дека делумно ја признава вината, но пред да се доизјасни, неговиот адвокат побара консултација со својот клиент и пауза од судиката. Во тек е изјаснувањето на сите 29 обвинети за тоа дали се чувствуваат виновни или не за делата за кои се товарат, „тероризам“ и „терористичко организирање“.

Во тек е изјаснувањето на сите 29 обвинети за тоа дали се чувствуваат виновни или не за делата за кои се товарат „тероризам” и „терористичко организирање”.

Јавниот обвинител Наум Пановски го образложи обвинителниот акт и рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица Гошинце.
Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.

Според доказите на Обвинителството, единицата за специјални задачи при МВР на 9 мај минатата година постапувала по судска наредба за вршење на претрес со цел пронаоѓање на лицата кои го украле оружјето од Гошинце. Приближувајќи се кон објектот каде што требало да се изврши претрес, криминално-терористичката група фрлила рачна бомба од што биле повредени дел од припадниците на специјалната единица. Групата продолжила со рафали од автоматски пушки и со истрели од снајпери и нападот траел цел ден и цела ноќ кон 10 мај. Во борбите загинаа осум полицајци, а 42 се тешко ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top