Семејството на средношколецот Мухамед Али Јашари кој во 2011 година загина откако беше удрен во Средното градежно училиште во Скопје, во завршните зборови на судењето побара отштета од три милиони денари (речиси 49.000 евра).
Според обвинителот тројцата обвинети треба да бидат прогласени за виновни и соодветно казнети, бидејќи Јашари починал по удар со камен од страна на првообвинетиот, кој е во бегство. Таткото на Јашари рече дека е задоволен од текот на постапката и очекува судот да донесе правична пресуда, извести Телма.
– Обвинителот си ја работи својата работа, секој има право да се брани како што мисли дека треба или пак да лаже, но судот е тој што ќе одлучи – рече Џеват Јашари, татко на убиениот средношколец.
Адвокатот на првообвинетиот Ристо Петров побара ослободителна пресуда бидејќи, како што рече, од досегашните изјави на сведоците се утврдило дека момчето Јашари било удрено со прачка, а не со камен и дека според вештачењето ударот не бил единствена причина за смрта.
– И вештото лице потврди дека ударот имал минорно влијание на смртта, бидејќи здравствената состојба била таква што и најобичен допир можел да има лошо влијание врз неговото срце – рече адвокатот.
И адвокатите на второбвинетиот и на третообвинетиот, кој е во малолетнички притвор поради друго дело, побараа ослободителни пресуди бидејќи сведоците и доказите не ги потврдиле наодите во обвинението.
Мухамед Али Јашари настрада откако во дворот на училиштето се обидел да го одбрани неговиот соученик кој бил нападнат од тројцата обвинети.
Пресудата ќе биде објавена на 7 мај годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка