| четврток, 6 декември 2018 |

Ел Чапо ќе ги признае сите обвиненија ако му го исполнат ова невообичаено барање (фото)

Мексиканскиот наркобос Хоакин Гузамн – Ел Чапо е подготвен да се изјасни за виновен по сите обвинувања  против него во Соединетите Американски Држави, но за возврат има невообичаено барање – не сака да биде сместен во затвор со најголемо ниво на безбедност.

el capo

Адвокатот на Гузамн Хозе Рефуго Родригез кажал дека неговиот клиент  прифатил да го испорачаат   во САД  и да ги признае сите обвиненија под услов да биде сместен во „поповолни услови“.

Гузман бара да му се вети дека ќе  биде сместен во затвор во кој ќе  има контакт со други затвореници и каде што ќе гледа сонце повеќе од еден час во денот.

екчапо2

Ел Чапо нема да „биде на колена“ за време на расправијата со американските тужители бидејќи има „многубројни правни средства со кои може да се бори против испорачувањето“, изјави Родригез.

елчапо 4

-Американската влада ќе види дека ќе имаме можност да победиме во процесот за испорачување од Мексико – кажал Родригез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top