| четврток, 6 декември 2018 |

Како машата во рацете на СДСМ, Дарко Алексов, од предводник на МОСТ, стана инвеститор и сопственик на згради во Бардовци (ВИДЕО)

Првиот човек на МОСТ Дарко Алексов, кој несомнено и според признанијата на самите членови на СДСМ е нивна продолжена рака, очигледно одлично му оди во невладиниот сектор, па милионите кои се вртат на сметката на МОСТ, ги пресликува и во приватниот живот и станува инвеститор и подоцна сопственик на дел од двете згради во скопско Бардовци, објави Журнал.

Одговорот за ова го кријат двете луксузни згради со сопствено дворно место, меѓу народот познати како зградите на МОСТ, лоцирани на улица 4 сместени во познатото скопско Бардовци.

Darko-Aleksov-MOST-SDSM1-640x341

Откако станува сопственик на недвижен имот, во 2008та година Дарко Алексов, заедно со уште тројца од фамилијата Алексови ја започнува градбата. За само една година двете згради се готови со вкупна површина од 1 462 м2, тврди Журнал.

Дарко Алексов, заедно со Алексов Бобан, Алексоски Ѓорче и Алексоска Росана  се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од  1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари. Дарко Алексов си задржува  дел и за себе и сега тој е сопственик на 130 м2.

aleksov-zgradi-bardovci

Очигледно ваквите податоци за финансиското конто говорат дека Дарко Алесков има причина плус да ги брани и одработува ставовите на СДСМ. Познато е дека преку неговата невладина се свртеа 4 милиони евра за само неколку години. Отворено останува прашањето кој директор на обична невладина, може да стане инвеститор и градител на згради вредни милиони. Инаку во дел од проектите на неговата МОСТ влегува и во соработка со Институтот Отворено Општество односно СОРОС Македонија која е позната како главниот финансиер на СДСМ.

Ова дава одговор и на фактот што Дарко Алексов толку ревносно и во секоја прилика ги брани ставовите, па дури и на сметка на својот интегритет и менувањето на личните ставови, пишува Журнал.

bardovci-1640-640x480

bardovci-2640-640x480

bardovci-3640-640x480

bardovci-4640-640x480

bardovci-5640-640x480

bardovci-6640-640x480

zgradi-bardovci-1-640x1071

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top