| четврток, 6 декември 2018 |

Порака во шише од Канада по 28 години е најдена во Неретва

Љубовна порака во шише, која во 1985-тата година извесен Џонатан од Нова Шкотска, Канада, ја испратил до својата љубена, вчера беше пронајдена на плажа на брегот на реката Неретва.

Пораката ја ја пронајдоа сурферите од клубот „Сплит“ кои ја чистеле својата омилена плажа пред почетокот на сезоната.

–          Мери ти си навистина одлична личност. Се надевам дека ќе останеме во контакт. Ти ветив дека ќе пишам. Твојот пријател, Џонатан. Нова Шкотска ’85 – пишувало во пораката.

Она ште е сигурно, е дека Мери не ја виде оваа порака, а дали останале во контакт, веројатно никогаш и нема да дознаеме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top