| четврток, 6 декември 2018 |

Катерина Алексовска на местото на Илчо Захариев

zahariev ilco

Kатерина Алексовска вработена во Бирото за лекови ќе го наследи Илчо Захариев. На новата позиција како в.д. директор е дојдена по долгогодишното работно искуство во областа на фармацијата и работа како советник за фармакоинформатика. Захариев замина како градоначалник на Штип. Нов в.д. директор доби и Заводот за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања во Охрид откако Никола Бакрачевски стана градоначалник. Со 23 годишно работно искуство во установата, Бакрачевски ќе го замени др. Изабела Афтовска Наумоска. Откако Ѓорѓи Дамчевски стана градоначалник на Крушево, за нов в.д. директор на Здравствен дом Крушево е назначен Коста Андрески.

Директор на Институот за трансфузиона медицина повеќе не е и Ристо Дуковски на кого му истекол мандатот. Него ќе го наследи др. Емилија Велкова која во последните 10 години е раководител на одделот за имуно-хематологија.

Сите овие директори по предлог на министерот за здравство беа назначени на синоќешната владина седница.

Министерството од новоназначените директори очекува да продолжат со модернизирање на здравството и задоволување на потребите на пациентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top