| четврток, 6 декември 2018 |

Пет причини зошто е добро да се јаде киви

kivi-tex

Антиоксидансите и витаминот Ц се најважни состојки на кивито. Количината на витамин Ц во 100 грама киви е дури 98 мг, што е двојно повеќе од лимонот и портокалот. Кивито се препорачува да се конзумира наутро.

Го ублажува стресот

Идеално овошје е за модерното време, поради големата количина на витамин Ц го ублажува стресот и ги смирува нервите. Оттука и потешко ќе посегнеме по слатки и грицки поради нервоза. Кивито ни помага да се чувствуваме смирено и полесно да се соочуваме со проблемите.

Ја подобрува пробавата

Одлично е за оние кои имаат проблем со „столицата“. Со оглед на тоа што содржи многу растителни влакна ја подобрува пробавата и го забрзува метаболизмот. Може да се комбинира наутро со јогурт, кефир или мусли.

Го подобрува варењето

Го спречува гастритисот и гасовите. Подеднакво се препорачува за решавање на надуеноста на стомакот.

Помага во слабеењето

Содржи многу вода и нема висока енергетска вредност, оттука е и совршено овошје добредојдено во секоја диета. Идеално е за исфрлање на течностите од организмот. Се препорачуа како важен природен диуретик, со тоа станува и составен дел во исхраната на сите кои сакаат да ослабнат.

Ја подобрува циркулацијата

Витаминот Е и Омега 3 и 6 масни киселини кои ги содржи кивито не дозолуваат крвта да се згусне и го подобруваат здравјето на артериите. На овој начин спречуваат појава на тромб и крвни згрутчувања. Влакната кои ги содржи кивито значително го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top