Без вода утре од 8 часот ќе бидат корисниците од улиците „Дебарца“, „Рањанска“ и „Људевит Гај“ во општина Центар.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информираат дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. „Дебарца“ бр.51, и ќе трае до отстранување на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.